Македонија

Авионско прскање против ларви од комарци во Скопје во сабота

Авионско прскање против ларви од комарци во Скопје во сабота

Жителите на Скопје во сабота, 5 септември, треба да очекуваат авионска дезинсекција против ларви од комарци, информираат од Град Скопје.

Дезинсекцијата ќе се спроведе во раните утрински часови на подрачјето на градот, со цел да се намали присуството и размножувањето на комарците.

Од Град Скопје информираат дека реализацијата на акцијата ќе зависи од временските услови. Доколку тие не дозволуваат спроведување на дезинсекцијата во предвидениот термин, прскањето ќе биде извршено првиот нареден ден кога условите ќе бидат поволни, во истиот термин.

Од Градот истовремено ги повикуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Дезинсекцијата против комарци е дел од активностите што Град Скопје ги спроведува во текот на сезоната за контрола на нивната бројност.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни