Премиерот Христијан Мицкоски очекува Бугарија да го екстрадира таткото на Ива Михаилова, кој се бара со македонска потерница за издржување 12-годишна затворска казна за обид за убиство.
„Ние имаме потерница и очекуваме нашите партнери да постапат соодветно на партнерството, бидејќи ние сме партнери со нашиот источен сосед во една друга алијанса којашто се вика НАТО“, изјави Мицкоски.
По неговото скоро појавување во бугарските медиуми, каде што зборуваше за судската постапка против неговата ќерка во Кочани, Мицкоски порача дека Софија треба да постапи соодветно на сојузништвото во НАТО.
Тој истакна дека сите лица кои се бараат за кривични дела мора да бидат испорачани за да се соочат со правдата и да ја докажат својата вина или невиност.