Македонија

Јаневска: Наставниците во март ќе добијат покачување на платите

Јаневска: Наставниците во март ќе добијат покачување на платите

Наставниците во март следната година ќе добијат ново зголемување на платите, согласно договореното со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), потврди денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Одговарајќи на новинарски прашања за време на посетата на основното училиште „Љубен Лапе“ во скопската општина Аеродром, таа порача дека просветните работници немаат причина за грижа, бидејќи роковите се сигурни и примањата ќе продолжат да растат секоја година.

„За разлика од минатото кога имаше неизвесност, потпишување разни спогодби и штрајкови, во овој случај наставниците се безбедни. Не треба да мислат на платите бидејќи тие ќе се покачуваат секоја година, а следното зголемување следува веќе во март“, истакна Јаневска.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни