Македонија

Семејна драма во Велес: Татко и син уапсени откако со сила пресретнале и претепале 22-годишник

Семејна драма во Велес: Татко и син уапсени откако со сила пресретнале и претепале 22-годишник

Велешката полиција вчера ги лишила од слобода 50-годишниот Н.С. и неговиот 20-годишен син М.С. по пријава за физички напад и противправно лишување од слобода.

Според информациите од МВР, нивниот 22-годишен син и брат пријавил дека двајцата го пресретнале на улица, по што таткото физички го нападнал, насилно го внел во возило и продолжил да го тепа во автомобилот.

Омничуваните се задржани во полициска станица, а за случајот се известени Јавниот обвинител и Центарот за социјални работи во Велес. По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни