Бројот на жртви од Западнонилска треска во земјава се искачи на седум, откако на Клиниката за инфективни болести почина 69-годишен пациент од општина Гази Баба.
Како што информираше министерот за здравство, Сашо Клековски, починатиот бил хоспитализиран повеќе од 38 дена, а неговата здравствена состојба дополнително била комплицирана со претходни заболувања.
Во меѓувреме е регистриран уште еден нов сомнителен случај во населбата Радишани. Министерот истакна дека од изминатиот викенд сите новорегистрирани случаи се соконцентрирани во северниот дел од Скопје.
Поради зачестените случаи, во неколку скопски општини веќе е прогласена епидемија, по што беа преземени вонредни мерки за дезинсекција и засилено прскање против комарци. Здравствените власти веќе контактирале со локалните градоначалници од погодените подрачја со цел интензивирање на теренските активности за сузбивање на векторите што ја пренесуваат болеста.