Македонија

Сончево и топло до средината на следната недела

Сончево и топло до средината на следната недела

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Mаксималната температура ќе биде во интервал од 28 до 34 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. T=33°C. P=982hPa. U=15%. V=6m/s. UV index=7.

До средината на следната работна седмица времето ќе биде сончево и топло со слаба до умерена облачност. Во недела ќе дува умерен до засилен северозападен ветер кој долж Повардарието ќе надминува брзина од 40 km/h.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни