Свет

Над 16.000 луѓе починале од жештините во Германија годинава

Над 16.000 луѓе починале од жештините во Германија годинава

Топлотните бранови годинава оставиле сериозни последици во Германија, каде што до почетокот на септември се проценува дека повеќе од 16.000 луѓе починале како последица на високите температури.

Според податоците на Институтот „Роберт Кох“, до 3 септември биле регистрирани околу 16.300 смртни случаи поврзани со топлината. Ова е највисок број забележан во земјата од 2016 година.

Најголем дел од жртвите се лица од највозрасната популација. Околу 8.200 од проценетите смртни случаи биле меѓу луѓе постари од 85 години.

Високите температури особено ги погодуваат постарите лица и луѓето со хронични здравствени проблеми, кај кои екстремната топлина може дополнително да го оптовари организмот.

Податоците доаѓаат во период кога Европа се соочува со еден од најтоплите периоди во последните години. Покрај Германија, со високи температури и последици од топлотните бранови се соочуваат и Шпанија, Португалија, Франција, Италија и Грција.

Во Франција, властите проценуваат дека економската штета предизвикана од топлотниот бран би можела да достигне до 15 милијарди евра.

Растот на температурите и сè почестите екстремни топлотни бранови во Европа во последните години се сè поголем предизвик за здравствените системи и властите, особено во заштитата на најранливите категории граѓани.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни