Македонија

Осумгодишно дете тешко повредено со детски мотор во семејниот двор во Гостиварско

Осумгодишно дете тешко повредено со детски мотор во семејниот двор во Гостиварско

Осумгодишно дете од гостиварското село Дебреше е тешко повредено во несреќа што се случила во дворот на семејната куќа.

Според информациите од полицијата, несреќата била пријавена вчера, 3 септември, во 16:40 часот во ОВР Гостивар од страна на Ургентниот центар во Гостивар.

Детето, управувајќи детски мотор во дворот, удрило во паркирана тракторска приколка.

По несреќата, осумгодишникот бил пренесен во Ургентниот центар во Гостивар, а поради сериозноста на повредите бил упатен и префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што му била укажана лекарска помош.

За случајот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.

Полицијата продолжува со расчистување на околностите под кои се случила несреќата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни