Македонија

Петровска: Не дојдов во Брвеница за да се договарам за функции – тоа време во СДСМ е завршено

Петровска: Не дојдов во Брвеница за да се договарам за функции – тоа време во СДСМ е завршено

Славјанка Петровска во „Ноќно студио“ на 4ТВ објасни зошто не се појавила во Брвеница, каде што раководството на СДСМ повикувало на вклучување и поддршка во изборниот процес.

Таа категорично отфрли дека нејзиниот политички ангажман е насочен кон преговори за функции или задржување на позиции, нагласувајќи дека приоритет треба да бидат реформите во партијата.

„Јас не сум учествувала, ниту пак учествувам сега во преговори за делење функции. Тоа време е завршено во СДСМ. Што побрзо го сфатат, тоа е подобро“, порача Петровска.

Таа појасни дека не се појавила во Брвеница бидејќи, како што рече, не била поканета на соодветен начин. Според неа, партиското дејствување бара организација и јасни процедури, а не неформални повици.

„Јас не се појавив во Брвеница бидејќи не бев поканета. Јас не можам сама да одам. Го разбирам партиското работење“, истакна таа.

Петровска дополнително ги критикуваше и јавните пораки што ги оцени како несоодветни и заканувачки, посочувајќи дека лошите политики и погрешните одлуки од претходниот период не можат да се надоместат само со присуство на терен.

Таа порача дека вистинското решение за СДСМ не е договор за распределба на функции, туку суштинска промена на начинот на кој функционира партијата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио во Славјанка Петровска 22.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни