Македонија

Приведен скопјанец во охридски автокамп, пронајдена марихуана во камп-приколка

Приведен скопјанец во охридски автокамп, пронајдена марихуана во камп-приколка

Четириесет и четиригодишен скопјанец е приведен во автокамп на брегот на Охридското Езеро, откако полицијата при претрес во камп-приколка пронашла марихуана.

Според информациите од СВР Охрид, Л.Д. (44) од Скопје бил лишен од слобода на 4 септември во 23:45 часот.

При претрес извршен по судска наредба во камп-приколката што ја користел, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид пронашле и одзеле најлонска кеса и пластична кутија со марихуана, како и предмети со остатоци од дрогата.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни