Македонија

Со 2,98 промили алкохол возел низ Дебар – полицијата го приведе

Со 2,98 промили алкохол возел низ Дебар – полицијата го приведе

На 04.09.2026 год. во 17 часот, на улицата „Елена Ѓика“ во Дебар, лишен од слобода е С.Р.(39) од селото Скудриње, општина Маврово и Ростуше.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „Форд“ со дебарски регистарски ознаки кое, тој го управувал и притоа, кај него констатирале 2,98 промили алкохол во крвта.

Тој, веднаш е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „Безобзирно управување со моторно возило“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни