Македонија

На Табановце приведен Романец кој кај Демир Капија возел 163 километри на час

На Табановце приведен Романец кој кај Демир Капија возел 163 километри на час
Фото: 4news.mk

Романски државјанин бил лишен од слобода на граничниот премин Табановце, откако полициските службеници утврдиле дека претходно со автомобил возел со повеќе од двојно поголема брзина од дозволената.

На 4 септември во 11:20 часот, на излез од државата, полицијата го лишила од слобода 49-годишниот Х.В.С. од Романија. При проверка на патничко возило „Ауди“ со романски регистарски ознаки, кое тој го управувал, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека е евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „Безобѕирно управување со моторно возило“.

Според полициските информации, истиот ден околу 6:30 часот, на автопатот А1 во близина на Демир Капија, возачот управувал со брзина од 163 километри на час, иако на тој дел од патот максимално дозволената брзина била 80 километри на час.

Романскиот државјанин бил спроведен во Полициската станица од општа надлежност Неготино за понатамошна постапка.

По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни