Полицијата во Охрид лишила од слобода 24-годишен државјанин на Турција, кој се сомничи дека учествувал во врбување и намамување лице со цел да биде предадено на друго лице заради вршење проституција.
Како што информира МВР, на 3 септември во 11 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, бил лишен од слобода Р.К.(24) од Истанбул, Република Турција.
Тој се сомничи дека врбувал, поттикнувал, намамувал или учествувал во предавање лице на друго лице заради вршење проституција.
Од полицијата информираат дека по целосното расчистување и документирање на случајот, против 24-годишникот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.