Голем интерес кај граѓаните има за користење на градскиот воз, кој во првите три дена од сообраќањето превезол околу 1.500 патници, информира министерот за транспорт Александар Николоски.
Според Николоски, интересот за новата железничка услуга е голем, а очекувањата се бројот на патници во наредниот период значително да се зголеми.
„За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници“, посочи Николоски.
Градскиот воз започна да сообраќа на почетокот на септември, како дел од плановите за подобрување на јавниот превоз и поголемо користење на железничката инфраструктура во и околу Скопје.
Надлежните очекуваат интересот дополнително да расте со поголемата информираност на граѓаните и редовното користење на линиите.
Се возевме во него на првиот ден, погледнете го нашето искуство: