Македонија

Петровска: Не бараме да се укине директниот избор на лидер, туку демократијата да важи за сите

Петровска: Не бараме да се укине директниот избор на лидер, туку демократијата да важи за сите

Славјанка Петровска смета дека СДСМ мора да направи суштински исчекор во демократизацијата и да му овозможи на членството поголемо влијание врз сите важни партиски одлуки, а не само врз изборот на претседател.

Во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, таа објасни дека директното гласање за лидер на партијата е важен демократски механизам, но дека тој не може да биде замена за демократија во останатите процеси.

„Во социјалдемократијата, кога ја давате слободата, таа ја давате на сите подеднакво“, порача Петровска.

Таа нагласи дека членството треба да има можност да учествува во изборот на претседатели на општинските организации, кандидати за градоначалници и кандидати за пратеници.

Според неа, сегашниот модел остава премногу простор за централизација на моќта кај претседателот и тесен круг околу него.

Петровска посочи дека не се залага за враќање на делегатскиот систем при изборот на партиски лидер, туку за задржување на директното гласање, со дополнителни механизми што ќе гарантираат дека гласот на членовите ќе се почитува и во другите партиски процеси.

Таа оцени дека без реално учество на членството во одлучувањето, ветувањата за демократизација остануваат само на хартија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио во Славјанка Петровска 22.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни