Македонија

Од Скопје до Австралија: Кои се држави гласаа за независноста?

Од Скопје до Австралија: Кои се држави гласаа за независноста?
ФОТО: 4TV

Референдумот за независност не бил само македонска приказна што се одвивала во градовите и селата во земјата. За гласањето известувале и весниците од македонската дијаспора.

Во зачуваните изданија во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, која ја посети 4ТВ, се среќаваат информации за гласањето на Македонците во Канада и Австралија.

Како пример се наведува Македонската црковна општина „Свети Климент Охридски“ во Торонто, каде, според тогашните известувања, гласале околу 12.000 Македонци.

Се известувало и за гласањето во Сиднеј и Мелбурн, каде што гласачките места биле отворени подолг период.

Така, старите весници денес сведочат дека интересот за историското изјаснување се следел и далеку надвор од границите на Македонија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни