Македонија

Котевска за 35 години независност: Треба да го вратиме духот на заедницата

Котевска за 35 години независност: Треба да го вратиме духот на заедницата

Режисерката Тамара Котевска смета дека една од најважните работи за иднината на Македонија е повторно да се изгради чувството на заедништво, меѓусебна поддршка и тимска работа.

Во специјалното отворено студио на 4ТВ, Котевска, говорејќи за 35 години независност, посочи дека општеството станало премногу индивидуалистичко и дека луѓето сè почесто се фокусирани на тоа сами да преживеат и да се снајдат.

„Би рекла повеќе да го вратиме духот на заедницата, бидејќи е доста изгубен. Таа верба во заедницата и во заедничката поддршка и тимската работа е изгубена“, порача таа.

Котевска смета дека Македонија има потенцијал за големи достигнувања токму преку заедничка работа и здружување околу идеи и цели.

Според неа, иако индивидуализмот е присутен и под влијание на современите општествени текови, земјата сè уште го има духот на заедницата во себе.

Токму тоа, како што вели, треба повторно да се поттикне во годините што следуваат.

„Мислам дека сме силна заедница како земја и посебно имаме голем потенцијал да направиме нешто како заедница, го носиме тој дух во себе“, рече Котевска.

Нејзината порака е дека поголемата доверба меѓу луѓето, тимската работа и заедничката поддршка можат да бидат важен двигател за промени во македонското општество.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни