Екс директорот на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами кој е осомничен за проневера и злоупотреба на службената положба, утринава се предал на органите на прогонот, откако беше во бегство.
Во 05:35 часот, Бајрами од Куманово, роден на 10 февруари 1993 година, самоволно и пеш се пријавил кај надлежните органи.
По Бајрами беше распишана мерка „апси“ по барање на СМПС – Одделение за потраги, согласно член 354 став 5 од Кривичниот законик.
Мерката е потврдена, по што Бајрами е лишен од слобода и ќе биде спроведен на понатамошна постапка пред надлежните органи.
Во случајот обвинети се и поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и уште шест лица. Груби, кој исто така повеќе од една година беше недостапен за органите на прогонот, се предаде на Блаце во февруари годинава, по што му беше определен куќен притвор.