Македонија

Приведен помошникот директор на Царинската управа, си земал над 17 илјади евра за да помогне

Приведен помошникот директор на Царинската управа, си земал над 17 илјади евра за да помогне

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР го приведоа помошник директорот на Царинската управа кај кого се пронајдени обработени парични средства во износ од 17.500 евра.

Според првичните сознанија парите биле побарани како поткуп со цел во две постапки пред Царинската управа да го употреби своето реално влијание и наводно да помогне.

Детали од настанот обвинителството ќе сподели во текот на утрешниот ден.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни