Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 36 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Во делови од котлината ќе има услови за нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. T=34°C. P=981hPa. U=24%. V=3m/s. UV index=6.
Во сабота ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 l/m²), проследени со грмежи и засилен северен ветер (над 40 km/h). Дневната температура ќе биде во опаѓање. Потоа следува период на сончево време со мала до умерена облачност. Во вторник и четврток наместа ќе има услови за врнежи од дожд.