Македонија

Дурмиши: Владата го штити стандардот, инфлацијата падна на 2,6 проценти

Дурмиши: Владата го штити стандардот, инфлацијата падна на 2,6 проценти

Министерот за економија Бесар Дурмиши, одговарајќи на пратеничко прашање од Јованка Тренчевска (СДСМ), истакна дека Владата презема активни мерки за заштита на животниот стандард, што резултираше со намалување на инфлацијата на 2,6%.

Дурмиши посочи дека за разлика од периодот на претходната власт кога инфлацијата достигнала 16%, сегашната стапка е пониска дури и од одредени земји-членки на Европската Унија. Тој потсети дека за поддршка на семејствата биле спроведени мерки на почетокот на учебната година, а во однос на минималната плата истакна дека Владата целосно ја почитува утврдената методологија во dogovor со синдикатите и работодавачите.

Во однос на растот на платите, министерот нагласи дека целта е нивно континуирано зголемување, но тоа мора да биде реално, одржливо и базирано на економски параметри, а не на политичка реторика.

Од друга страна, пратеничката Тренчевска упати критики до Владата, истакнувајќи дека не се преземаат доволно мерки за подобрување на стандардот и побара повисоки плати за граѓаните.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни