Коалицијата „Вреди“ официјално ја објави кандидатурата на Јакуп Хусеини за градоначалник на Општина Брвеница.
Хусеини е магистер по правни науки и долгогодишен државен службеник во Општина Брвеница. Од коалицијата истакнуваат дека неговото професионално искуство и секојдневната работа со граѓаните му овозможиле директно да ги познава потребите, проблемите и предизвиците на локалната средина.
„Нашата предност е јасна — не губиме време на приспособување. Јакуп Хусеини ги познава општината, администрацијата, процедурите и барањата на жителите. Уште од првиот ден, тој нуди конкретни резултати и целосна посветеност во нивна служба“, порачаа од „Вреди“.
Од партијата додаваат дека со Хусеини нудат кандидат со силна правна подготовка, професионален интегритет и познавање на општинските процеси.