Македонија

Меџити: Магистралниот пат „Хасан Приштина“, стратешки проект за развојот на Визбегово и побрзо поврзување со Косово

Меџити: Магистралниот пат „Хасан Приштина“, стратешки проект за развојот на Визбегово и побрзо поврзување со Косово

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес престојуваа во Визбегово, каде се сретнаа и разговараа со претставници на бизнисите кои работат во оваа зона.

Во фокусот на средбата беше транзитниот магистрален пат „Хасан Приштина“, еден од најзначајните инфраструктурни проекти за овој дел од Скопје. Новиот пат, со должина од околу 3,5 километри и четири сообраќајни ленти, ќе донесе модерна инфраструктура во Визбегово, ќе го олесни сообраќајот и ќе создаде значително подобри услови за функционирање и развој на бизнисите во оваа зона.

„Магистралниот пат ‘Хасан Приштина’ е стратешки проект за Визбегово и за Скопје. Со околу 3,5 километри и четири сообраќајни ленти, значително ќе го олесниме сообраќајот и ќе создадеме многу подобри услови за бизнисите кои работат и инвестираат во оваа зона. Истовремено, Скопје ќе добие побрза и пофункционална врска кон Блаце и Косово“, изјави Меџити.

Реализацијата на магистралниот пат „Хасан Приштина“ значително ќе ги подобри инфраструктурата и сообраќајот во Визбегово, создавајќи подобри услови за економски развој на зоната и поефикасно поврзување на Скопје со Косово.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни