Македонија

Секој седми вработен работи неформално – „црните“ работници побројни од невработените

Секој седми вработен работи неформално – „црните“ работници побројни од невработените

Повеќе од 100 илјади лица во Македонија во вториот квартал од 2026 година биле ангажирани во неформално вработување. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека нивниот број е поголем од бројот на лицата кои официјално се водат како невработени.

Во периодот април–јуни 2026 година, биле евидентирани 101.022 неформално вработени лица, односно 14,3 отсто од вкупно 708.698 вработени. Тоа значи дека приближно секој седми вработен работел надвор од целосно регистриран работен однос.

Во истиот период, бројот на невработени изнесувал 90.020 лица. Тоа значи дека неформално вработените биле за 11.002 повеќе од лицата кои активно бараат работа и се подготвени да започнат со работа.

Стапката на невработеност во вториот квартал изнесувала 11,3 отсто. Бројот на вработени, пак, бил за еден процент повисок во споредба со истиот период минатата година, додека економијата забележала раст од 4,3 отсто.

Податоците покажуваат и промена кај неформалната работа. Во однос на вториот квартал од 2025 година, неформалното вработување е зголемено за околу три проценти, додека проценетото формално вработување пораснало за околу 0,7 проценти.

Земјоделството и градежништвото со најмногу неформални работници

Најголем дел од неформално ангажираните лица работат во земјоделството, шумарството и рибарството. Во овие дејности биле регистрирани 51.487 неформално вработени, што претставува околу 51 процент од вкупниот број.

Следува градежништвото со 17.372 лица, односно 17,2 проценти од сите неформално вработени.

Само овие две области опфаќаат повеќе од две третини од неформалната работна сила во земјата.

Високиот удел во земјоделството се поврзува со сезонскиот карактер на работата, малите земјоделски стопанства, неплатената семејна работа, фрагментираното производство и нередовните приходи. Дополнителен проблем е што дел од работата се одвива надвор од класичниот однос меѓу работодавач и работник, што ја отежнува контролата и евидентирањето.

Работата без целосна регистрација носи и поголема несигурност

Неформалното вработување не значи дека сите 101.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни