Македонија

Георгиевски: Иницијативата македонскиот да се третира како дијалект е добра основа подоцна да стане официјален јазик во Бугарија

Георгиевски: Иницијативата македонскиот да се третира како дијалект е добра основа подоцна да стане официјален јазик во Бугарија

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски се огласи во врска со иницијативата на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, со која, според Георгиевски, македонскиот јазик во бугарската правна рамка би се третирал како дијалект на бугарскиот јазик.

Георгиевски смета дека ваквата иницијатива би можела да претставува основа во следна фаза македонскиот јазик да биде прогласен и за официјален јазик во Бугарија.

„Пратеникот Костадинов дал иницијатива со која во бугарската правна рамка македонскиот јазик би се третирал како дијалект на бугарскиот јазик. Ова е добра основа во втора фаза да биде прогласен и за официјален во Бугарија“, наведува Георгиевски.

Во својата реакција тој се осврнува и на процесите поврзани со стандардизацијата на бугарскиот јазик пред околу еден и пол век.

„На тој начин ќе се исправи краткогледоста од пред 150 години, кога дијалектите од северноисточното ќоше на бугарскиот јазичен простор беа прогласени за официјални“, пишува Георгиевски.

Неговата изјава доаѓа во контекст на чувствителните јазични и идентитетски прашања кои со години се дел од односите меѓу Македонија и Бугарија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни