Македонија

ДКСК отвори предмет за 35-годишнината од независноста на Македонија

ДКСК отвори предмет за 35-годишнината од независноста на Македонија

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) по сопствена иницијатива и по допрен глас оформи предмет за да го испита начинот на кој Државната лотарија ја финансирала прославата за 35-годишнината од независноста на Македонија. Според востановената пракса, Јавното обвинителство вообичаено чека ДКСК да ја заврши постапката пред да преземе активности.

Прославата предизвика бранувања во јавноста откако се обелодени дека за настаните се потрошени над пет милиони евра, при што постојат сомнежи за нетранспарентно доделување на средствата.

ДКСК ќе го испитува составот на надворешната комисија која ја оценувала програмата на фирмата „Стардаст“, добитник на средствата за организација (вклучувајќи го и концертот на Дејвид Гета). Претседателот на оваа комисија, Николче Мицевски, подоцна се јавува како автор на оркестрациите за настапот на Хосе Карерас, кој исто така беше дел од програмата.

Се проверува дали Собранието на акционери на Лотарија донело формална одлука за издвојување 4,8 милиони евра од нераспределената добивка од 2024 година согласно Законот за трговски друштва, или парите биле префрлени само по насока од владина седница.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни