Македонија

Ѓорѓиевски: Нема да компромитирам со безбедноста — ги отстрануваме дивите улични објекти

Ѓорѓиевски: Нема да компромитирам со безбедноста — ги отстрануваме дивите улични објекти

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, за време на гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ испрати јасна порака во врска со дивопоставените привремени објекти на булеварите ширум главниот град.

Ѓорѓиевски истакна дека повеќе од три децении овие локации функционираат без соодветни дозволи за поставена урбана опрема, ниту пак ги исполнуваат минималните санитарни и безбедносни стандарди за подготовка и продажба на храна.

Градоначалникот потенцираше дека е свесен оти сопствениците на овие објекти остваруваат егзистенција, но нагласи дека одговорноста за здравјето на сите граѓани и младите е на прво место. Тој подвлече дека е подготвен да ризикува и загуба на политичка популарност или губење на следен мандат, но нема да дозволи хаос на скопските булевари.

Главниот фокус на градската администрација е воведување ред и почитување на законите, со цел да се создаде безбедна урбана средина за сите скопјани и идните генерации.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни