Балкан

Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор, Весељи на 18, Сељими на 13 години

Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор, Весељи на 18, Сељими на 13 години

Хашим Тачи беше прогласен за виновен по точка три (незаконско или произволно апсење и лишување од слобода, како воено злосторство), за сурово постапување како воено злосторство, по точка 7 за тортура како воено злосторство и по точка 9 за убиство како воено злосторство.

  • Хашим Тачи беше осуден на 25 години затвор.
  • Јакуп Красниќи беше осуден на единствена казна затвор од 25 години.
  • Кадри Весељи беше осуден на единствена казна од 18 години, во која е вклучено и времето поминато во притвор.
  • Реџеп Селими беше осуден на единствена казна од 13 години затвор, во која е вклучено и времето поминато во притвор.

Специјализираните совети на Косово во Хаг ја донесоа својата првостепена пресуда денес, среда, 16 септември, против поранешниот лидер на ОВК, Хашим Тачи, и неговите најблиски соработници – Кадри Весељи, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи.

Сите четворица беа меѓу политичките и воените водачи на ОВК за време на војната , а по војната заземаа високи позиции во косовските институции.

Обвинението ги товари за злосторства против човештвото и воени злосторства извршени најмалку од март 1998 до септември 1999 година, во Косово и делови од северна Албанија.

Обвинетите ги негираа сите обвинувања и се изјаснија за невини.

Советот, исто така, заклучи дека сите четворица обвинети имале иста заедничка кривична цел и значително придонеле за нејзино постигнување, како и дека имале намера да извршат релевантни кривични дела поврзани со таа заедничка кривична цел.

Судот заклучи дека помеѓу април 1998 и 20 јуни 1999 година, во 14 општини во Косово и на одредени локации во две области во северна Албанија, припадници на ОВК, со акти на „дејствија и пропусти“, намерно предизвикале тешка физичка и ментална болка и страдање на најмалку 348 лица кои не учествувале активно во непријателствата и кои произволно ги уапсиле и лишиле од слобода, и дека овие акти претставуваат тежок напад врз нивното човечко достоинство.

Од наведените причини, судот заклучи дека обвинителството докажало надвор од разумно сомнение дека воените злосторства, суров третман по точка 5 и тортура по точка 7, биле извршени против најмалку 303 лица.

Во однос на овие лица, судот заклучи дека обвинението за воено злосторство, сурово постапување, точка 5, е целосно опфатено со обвинението за тортура, точка 7.

Судот, исто така, заклучи дека обвинителството покажало основано сомнение дека военото злосторство сурово постапување, точка 5, е извршено против најмалку 49 лица.

Судот утврди дека кривичното дело сурово постапување не е консумминирано со кривичното дело тортура во однос на четирите жртви кои биле подложени на сурово постапување и тортура во различни притворни установи, како и во однос на 45-те жртви за кои судот заклучи дека биле подложени на сурово постапување, но не и на тортура, и на крајот со убиство.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни