Македонија

ОМО „Илинден“ – Пирин ја демантира Јотова: Бугарските власти постојано измислуваат нови услови за регистрација

ОМО „Илинден“ – Пирин ја демантира Јотова: Бугарските власти постојано измислуваат нови услови за регистрација

Здружението ОМО „Илинден“ – Пирин реагираше на последните изјави на бугарската потпретседателка Илијана Јотова, отфрлајќи ги нејзините тврдења дека на организацијата постојано ѝ недостасуваат документи за судска регистрација.

Во изјава за весникот „Вечер“, од здружението нагласуваат дека при секој обид за регистрација доставуваат комплетна и уредна документација. Според нив, вистинскиот проблем лежи во односот на надлежните бугарски органи кои, како што наведуваат, системски измислуваат нови и дополнителни барања со цел да го блокираат процесот.

Постапувањето на софиските власти кон македонското здружение веќе години наназад е предмет на критика од меѓународните институции. Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур во повеќе наврати донесе пресуди против Бугарија, утврдувајќи системски повреди на правото на слобода на здружување и мирно собирање во случаите поврзани со ОМО „Илинден“ и ОМО „Илинден“ – Пирин.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни