ТАВ Македонија ја повлече одлуката со која бесплатниот пристап за возила во зоната „Hug & Fly“ на Меѓународниот аеродром Скопје беше ограничен на само еден влез во рок од 24 часа.
Од компанијата информираат дека зоната продолжува да функционира по стари правила сè додека не се имплементира потребната придружна инфраструктура, со цел да им се обезбеди ефикасен и едноставен пристап на патниците. Зоната и понатаму останува бесплатна за кратко застанување до 10 минути за сите што земаат или оставаат патници.
Повлекувањето на оваа мерка следи откако Комисијата за заштита на конкуренцијата, во рамки на анализата на новиот режим на аеродромот, побара од ТАВ Македонија дополнителни појаснувања и податоци околу воведените ограничувања.