Македонија

70 случаи на западнонилска треска во Македонија, регистриран прв случај и во Тетово

70 случаи на западнонилска треска во Македонија, регистриран прв случај и во Тетово

Западнонилската треска е регистрирана во повеќе делови од земјава, при што Скопје и понатаму има најголем број заболени. Според последните податоци на Институтот за јавно здравје, заклучно со 22 септември во Македонија се евидентирани вкупно 70 случаи.

Од вкупниот број, 65 се лабораториски потврдени, додека пет се класифицирани како веројатни случаи, согласно дефиницијата за случај.

Најголем број заболени се регистрирани во Скопје – 63 случаи. Во Велес се евидентирани три случаи, додека по еден случај има во Куманово, Свети Николе и Кавадарци.

Во најновиот извештај на ИЈЗ е евидентиран и првиот случај на западнонилска треска во Тетово.

Со тоа, заболувањето досега е регистрирано во повеќе градови низ земјава, но најголем дел од случаите и натаму се концентрирани во Скопје.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни