Македонија

„Х-фактор“ и „Идол“ се враќаат: Аудициите низ Македонија започнуваат во октомври

„Х-фактор“ и „Идол“ се враќаат: Аудициите низ Македонија започнуваат во октомври

Македонската радио-телевизија (МРТ) ја збогатува својата програмска шема со две светски познати музички шоуа – „Х-фактор“ и „Идол“. За овие телевизиски формати веќе се потпишани договори за емитување, а првите аудиции низ градовите во Македонија се планирани да започнат во текот на месец октомври.

Оваа информација ја потврди директорот на МРТ, Зоран Ристоски.

Покрај „Х-фактор“ и „Идол“, јавниот сервис откупи права и за популарниот квиз „Пасворд“. Според раководството, воведувањето на вакви големи проекти е дел од новата стратегија за целосно освежување на програмата, со посебен акцент на прајмтајм терминот од 17:00 до 24:00 часот, каде што гледачите ќе следат нови забавни, едукативни и културни содржини.

Поради организацијата на патувањата и реализацијата на теренските аудиции за овие меѓународни формати ширум земјата, предвидени се и соодветни усогласувања во финансискиот план на куќата за покривање на патните и продукциските трошоци. Со овие чекори, МРТ најавува значително враќање на забавната и музичката програма од сопствена продукција на малите екрани.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни