Македонија

„Глас против насилство“: Децата не се виновни за неуспехот на институциите да ги заштитат

„Глас против насилство“: Децата не се виновни за неуспехот на институциите да ги заштитат

По смртта на 13-годишното дете кое беше повредено во насилниот настан во скопски Чаир, од „Глас против насилство“ бараат темелна истрага за постапувањето на институциите и утврдување дали претходно имало сигнали дека детето или други деца биле изложени на ризик.

Од организацијата изразија сочувство до семејството и блиските на починатото дете и порачаа дека случајот не смее да заврши само со неколкудневни реакции, изјави и ветувања.

„Кој бил должен да ги препознае предупредувачките знаци, дали имало претходни сигнали и што направиле надлежните институции?“, прашуваат од „Глас против насилство“, барајќи сите околности да бидат темелно испитани, а јавноста да биде информирана за институционалното постапување.

Според организацијата, по тешки случаи на насилство одговорноста не треба првенствено да се префрла врз децата преку нивно етикетирање или преку повици за построги казни.

Оттаму наведуваат дека казнените мерки сами по себе не можат навреме да препознаат дете во ризик, да обезбедат безбеден механизам за пријавување насилство или да овозможат соодветна психолошка поддршка.

„За тоа се одговорни возрасните и институциите“, порачуваат од организацијата.

Тие бараат образовните институции, центрите за социјална работа и здравствените служби да воспостават постојан систем на превенција, кој би вклучувал обучени наставници и стручни служби, доверливи механизми за пријавување, навремена процена на ризикот и јасно упатување на децата и семејствата кон соодветна помош.

Од „Глас против насилство“ сметаат дека дел од превенцијата треба да биде и сеопфатното сексуално образование, преку кое децата, со содржини соодветни на нивната возраст, би учеле да препознаваат насилство и злоупотреба, да поставуваат и почитуваат лични граници и да знаат каде да побараат помош.

Организацијата упати пет барања до Владата и надлежните институции. Меѓу нив се испитување на евентуалните претходни пријави и предупредувачки сигнали во конкретниот случај, бесплатна и навремена психолошка поддршка за децата и нивните семејства, како и задолжителни и соодветно финансирани програми за превенција од насилство во училиштата.

Дополнително, бараат ревизија на правилниците и протоколите на Министерството за образование и наука, со цел во нив експлицитно да бидат препознаени родово базираното насилство, насилството од омраза и насилството мотивирано од предрасуди и лични карактеристики.

Од организацијата бараат и независно следење на спроведувањето на мерките, како и редовно јавно известување за постигнатите резултати.

„Ветувањата без буџет, рок и одговорност не се мерки“, се наведува во реакцијата.

Од „Глас против насилство“ порачуваат дека државата не смее да ја префрла одговорноста врз децата, туку треба да обезбеди институции што навреме ќе реагираат, училишта во кои децата безбедно ќе можат да побара

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни