Македонија

Поплава во зградата „Нова Македонија“, објектот е без струја

Поплава во зградата „Нова Македонија“, објектот е без струја

Пукната топловодна цевка најверојано е причината поради која е предизвикан хаос во една од најфреквентните административни згради „Нова Македонија“ во главниот град. Според првичните информации, утрово дошло до пукање на цевка, по што за кратко време целосно е поплавен првиот кат од објектот.

Поради сериозноста на дефектот и огромното количество вода која почнала да се шири низ просториите, надлежните технички екипи реагирале итно. Од безбедносни причини, со цел да се спречи настанување на краток спој или посериозен пожар, електричната енергија во целиот објект е целосно исклучена.

Не работат лифтовите, бидејќи исклучена е струјата во објектот, а надлежните екипи на дел од вработените со кои разговараше утрово 4news.mk им било соопштено дека така ќе биде и во наредните денови.

Во моментов работата на неколку клучни државни органи е во целосен прекин бидејќи компјутерските системи и серверите се исклучени. Екипи на јавните претпријатија и техничките служби се на терен и работат на испумпување на водата и санирање на пукнатата цевка, по што ќе се врши проценка на материјалната штета и безбедносна проверка на електричната инсталација пред зградата повторно да биде пуштена во функција.

Зградата на поранешниот новинско-издавачки идентитет „Нова Македонија“ е стратешки административен центар во кој се сместени неколку клучни министерства и државни тела:

  • Министерство за образование и наука (МОН)
  • Државен просветен инспекторат (ДПИ)
  • Делови и подрачни сектори на Министерството за економија и труд
  • Државната изборна комисија (ДИК)
  • Повеќе државни агенции, комисии и управи кои го користат просторот како деловен капацитет.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни