Македонија

Од Бит-пазар утрово одземени 500 килограми неквалитетно месо – отстранети и сите диви тезги

Од Бит-пазар утрово одземени 500 килограми неквалитетно месо – отстранети и сите диви тезги

Инспекциските служби утрово спроведоа вонредна контрола на дивите продавачи на потегот од трговскиот центар „Мавровка“ до Бит-пазар во Скопје, при што биле отстранети сите диво поставени тезги и одземени околу 500 килограми храна.

Акцијата ја спровеле инспектори на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во координација со комуналните инспектори на Град Скопје, Државниот пазарен инспекторат и Министерството за внатрешни работи.

Контролата била извршена долж булеварот „Крсте Петков Мисирков“, каде што на пешачките и велосипедските патеки биле поставени импровизирани продажни места, најголем дел за овошје и зеленчук.

„Отстранети се сите диви тезги, повеќето со овошје и зеленчук. Одземена е храна во количина од околу 500 килограми и отстранета е целокупната опрема за продажба која била диво поставена на пешачките и велосипедските патеки“, соопштија од АХВ.

На сторителите ќе им бидат изречени соодветни прекршочни мерки во координација со комуналните инспектори на Град Скопје.

Од АХВ информираат и за одделна акција спроведена вчера во соработка со СВР Гостивар. На приватен имот во селото Чајле биле запленети 150 килограми месо со изминат рок, без декларација и со непознато потекло.

Месото било нештетно уништено на депонијата Русино.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни