Македонија

62-годишник од Долно Оризари приведен по пријава дека нападнал и се заканувал со огнено оружје на 21-годишник

62-годишник од Долно Оризари приведен по пријава дека нападнал и се заканувал со огнено оружје на 21-годишник

Полицијата привела 62-годишен жител на битолското село Долно Оризари, откако 21-годишник од Битола пријавил дека бил физички нападнат и дека му било заканувано со огнено оружје.

Според информациите од СВР Битола, на 28 септември во 23:40 часот полициски службеници го лишиле од слобода Љ.Д. (62) од Долно Оризари.

Приведувањето следувало по пријава од 21-годишен битолчанец, кој навел дека Љ.Д. физички го нападнал и му се заканувал со огнено оружје.

Од полицијата информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни