ОВР Струга поднесе кривична пријава против 37-годишниот М.С. од Бујановац, Република Србија, поради сомнение дека сторил кривично дело „оштетување туѓи предмети“.
Според информациите од полицијата, на 4 септември 2026 година, пред угостителски објект во Струга, осомничениот насилно го отворил резервоарот на патничко возило „порше“ со охридски регистарски ознаки.
Потоа, во резервоарот ставил непозната течност, со што, како што соопштуваат од полицијата, предизвикал значително оштетување на автомобилот.
По настанот, 37-годишникот избегал од местото, но по преземени полициски мерки бил пронајден и лишен од слобода.
Против него е поднесена кривична пријава по член 243 од Кривичниот законик.