Македонија

15-годишна малолетничка возела автомобил низ Прилеп без возачка дозвола

15-годишна малолетничка возела автомобил низ Прилеп без возачка дозвола

Полицијата во Прилеп синоќа затекнала 15-годишна малолетничка како управува автомобил без да поседува возачка дозвола.

Според информациите од полицијата, на 28 септември во 20:10 часот, на улицата „Тризла“ во Прилеп, полициски службеници сопреле патничко возило „хјундаи“ со прилепски регистарски ознаки.

При контролата било утврдено дека автомобилот го управувала 15-годишна малолетничка, која не поседувала возачка дозвола.

Малолетничката била лишена од слобода, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни