Македонија

43-годишен битолчанец пронајден починат во автосервис, наредена обдукција

43-годишен битолчанец пронајден починат во автосервис, наредена обдукција

Четириесет и тригодишен жител на Битола бил пронајден починат во автосервис во градот, соопшти полицијата.

Според информациите од СВР Битола, на 28 септември во 9 часот полициски службеници извршиле увид во автосервис на улицата „Македонска Фаланга“, откако претходно било пријавено дека таму бил пронајден починат Ф.Е. (43) од Битола.

Лекар од Итната медицинска помош во Битола констатирал смрт без видливи траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни