Неколку илјади волонтери утре ќе се вклучат во голема еколошка акција за чистење на јавните површини низ сите скопски општини. Акцијата ќе започне во 10 часот, соопшти Град Скопје.

Во активностите ќе учествуваат општините и градоначалниците, претставници на амбасади, ученици, спортисти, јавни личности, како и граѓани.
Од Град Скопје велат дека целта е преку заедничко учество да се придонесе за почисти и поуредни јавни простори во главниот град.
Акцијата, како што е најавено, треба да биде почеток на континуирана иницијатива. Чистењето на јавните површини се планира да продолжи двапати месечно, со цел грижата за јавниот простор да стане трајна навика и заедничка одговорност.
Од Град Скопје ги повикаа граѓаните да се приклучат на акцијата и со личен пример да придонесат за почисто и поуредно Скопје.