Македонија

Грејната сезона почнува на 15 октомври, може да стартува и порано ако температурите паднат

Грејната сезона почнува на 15 октомври, може да стартува и порано ако температурите паднат

Грејната сезона 2026/2027 година во земјава официјално ќе започне на 15 октомври, а ќе трае до 15 април следната година, информира Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.

Сепак, почетокот на грејната сезона може да биде и порано, односно од 1 октомври, доколку прогнозата покаже дека средната надворешна температура за следниот ден ќе биде 12 степени Целзиусови или пониска.

Според правилата за снабдување со топлинска енергија и тарифниот систем за продажба на топлинска енергија, грејната сезона може да трае најдоцна до 30 април.

Снабдувачот е должен во грејните простории да обезбеди температура од 20 плус-минус 1 степен Целзиусов, во периодот од 06:00 до 22:00 часот.

Од РКЕ ги повикуваат заедниците на станари навреме да ги проверат внатрешните грејни инсталации, како и инсталациите во објектите, со цел да се избегнат проблеми со почетокот на грејната сезона.

Истовремено, станарите се потсетуваат да ги подмират обврските за електрична енергија за топлинските потстаници, со што, како што посочува РКЕ, ќе се обезбеди непречен почеток на грејната сезона.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни