Македонија

Запалена механизација на стадионот во Арачиново, градоначалникот порачува: Проектот нема да запре

Запалена механизација на стадионот во Арачиново, градоначалникот порачува: Проектот нема да запре

Утрото на градежниот терен за новиот стадион во Арачиново започна со инцидент, откако под непознати околности изгореа работните машини на компанијата изведувач — само неколку дена откако беа започнати градежните работи.

Градоначалникот на Општина Арачиново, Даут Беќири, излезе со остра реакција на теренот, соопштувајќи дека станува збор за намерен инцидент и директен напад врз проект кој им служи на младите и на спортот. Тој упати апел до надлежните органи за итна истрага и брзо расчистување на случајот за сторителите да бидат изведени пред правдата.

И покрај претрпената штета, Беќири децидно порача дека проектот нема да запре и дека работата на стадионот продолжува.

„Органите на редот го истражуваат случајот и бараме тој што побрзо да се расчисти. Но, да бидеме јасни — никој нема да нè запре. Работите ќе продолжат, проектот ќе се заврши и стадионот за ФК ‘Шкендија’ ќе се изгради. Арачиново го чекаше овој ден 5 до 10 години. Можат да се изгорат машини, но не може да се изгорат волјата и желбата за градење“, порача градоначалникот Беќири.

Поддршка на теренот дадоа и локалните жители, како и фудбалерите на клубот „Шкендија“ од Арачиново. Станува збор за инвестиција во помошниот стадион во вредност од околу 550.000 евра, со која треба да се обезбедат современи услови за спортување и развој на млади сопствени кадри.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни