Македонија

Да нема повеќе спојувања за викенд и максимални 13 неработни денови: Стопанската комора бара нови измени за празниците

Да нема повеќе спојувања за викенд и максимални 13 неработни денови: Стопанската комора бара нови измени за празниците

Стопанската комора на Македонија наскоро до Министерството за економија и труд ќе поднесе предлог-измени на Законот за празниците, со кои се предвидува намалување на бројот на неработни денови и промена во нивното користење.

Според предлогот презентиран од проектниот менаџер во Комората, Анета Димовска, не се бара укинување на празниците, туку ревидирање на правото за користење неработни денови. Иницијативата содржи две клучни промени:

  • Лимит од 13 неработни денови: Покрај 11-те празници кои важат за сите граѓани, вработените при потпишувањето на договорот за работа би избирале уште два дополнителни празници од верските или етничките заедници, со што вкупниот број неработни денови за секој поединец би се свел на 13.
  • Укинување на префрлањето во понеделник: Празниците што се паѓаат во недела повеќе да не се префрлаат како неработен ден во следниот работен ден.

Од Стопанската комора посочуваат дека сегашниот систем создава сериозни организациски и финансиски потешкотии за работодавачите, а честите продолжени викенди влијаат негативно врз продуктивноста и стимулираат одлив на потрошувачката во странство. Според нивната анализа за 36 европски држави, со вкупно 16 неработни денови за мнозинството граѓани (11 државни плус 5 верски), Македонија е во самиот врв во Европа, а во повеќето земји нема префрлање на празниците од викенд во работен ден.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни