Македонија

Обезбедени 450.000 вакцини за овците и козите, состојбата со сипаници се стабилизира

Обезбедени 450.000 вакцини за овците и козите, состојбата со сипаници се стабилизира

Европската Унија обезбеди 450.000 вакцини против сипаници кај овците и козите и даде дозвола за нивна употреба во земјава. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, соопшти дека следната недела ќе одржи состанок со претставниците на Сојузот на сточарите за да се договорат наредните чекори и евентуалниот почеток на вакцинацијата.

Според министерот, епидемиолошката состојба се стабилизира и ширењето на болеста засега е ограничено само во Источниот Регион. Заболувањето е заловено благодарение на изолацијата на стадата и почитувањето на заштитните мерки од страна на сточарите.

Досега поради сипаниците се уништени околу 10.000 грла добиток. Министерството веќе подготвува методологија и модел за обесштетување на погодените земјоделци. Поради здравствените протоколи на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), на засегнатите фарми нема да смее да се одгледува добиток во следните шест месеци, па државата ќе настојува навремено да ги исплати средствата за сточарите да можат да го обноват сточниот фонд.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни