Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Соединетите Американски Држави имаат многу добри односи со Србија.
Одговарајќи на новинарско прашање пред Белата куќа за Стратешкиот дијалог што е започнат меѓу двете земји, како и за соработката меѓу Белград и Вашингтон, Трамп кратко одговори: „Имаме многу добри односи со Србија“.
САД и Србија на 17 јули во Вашингтон потпишаа Меморандум за разбирање за енергетската инфраструктура и регионалната енергетска безбедност, во рамките на процесот на Стратешкиот дијалог.