Македонија

Трагедија на автопат: Пронајдено безживотно тело на прегазен маж, полицијата трага по возачот

Трагедија на автопат: Пронајдено безживотно тело на прегазен маж, полицијата трага по возачот

Маж на неодредена возраст денеска е пронајден мртов покрај коловозот на автопатот, откако бил прегазен од возило кое побегнало од местото на настанот. Случајот ја вознемири јавноста, а надлежните органи веќе преземаат мерки за расчистување на трагедијата.

Според првичните информации, лицето починало на лице место од ударот. Полициски службеници извршија увид на локацијата, а надлежните служби работат на утврдување на сите детали, како и на идентитетот на жртвата и возилото што учествувало во сообраќајната несреќа.

За случајот говореше и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во своето гостување во емисијата „На кавга со Иван“ на Канал 5 телевизија.

Во разговорот, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за поткастот „На кавга со Иван“ на Канал 5 телевизија изјави:

„Денеска имаме еден таков случај. Згазен е човек, пронајден е човек на автопат, починат на лице место“.

Со оваа изјава министерот потврди дека полициските служби веќе располагаат со првични оперативни сознанија за случајот и дека интензивно се работи на терен за пронаоѓање на возилото и возачот што го напуштил местото на несреќата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни