Македонија

Артан Груби бара укинување на мерката на претпазливост, понудена гаранција од 335.707 евра

Артан Груби бара укинување на мерката на претпазливост, понудена гаранција од 335.707 евра

Гаранција во недвижен имот вреден 335.707 евра е понудена за укинување на дополнителната мерка на претпазливост за А.Г., второобвинет во предметот поврзан со Државна лотарија. Предлогот е доставен од неговата одбрана до Основниот кривичен суд Скопје.

Од Судот информираат дека против обвинетиот, покрај куќниот притвор, е определена и мерка привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање патна или друга исправа за преминување на државната граница.

Одбраната предлага оваа мерка да биде укината и заменета со гаранција, согласно член 150 од Законот за кривичната постапка. Како гаранција е понуден недвижен имот во вредност од 335.707 евра, со образложение дека на тој начин обвинетиот ќе биде достапен на органите на прогонот во текот на кривичната постапка.

Основниот кривичен суд Скопје појаснува и дека обвинителниот предлог по кој е заведен предметот е поднесен на 13 август 2026 година. Согласно член 470 од Законот за кривичната постапка, притворот може да трае најдолго 60 дена од денот на поднесувањето на обвинителниот предлог.

Тоа значи дека мерката куќен притвор за А.Г., според Судот, по сила на Законот истекува на 13 октомври 2026 година. Дополнителната мерка на претпазливост, односно одземањето на патната исправа и забраната за издавање исправа за преминување на границата, продолжува да важи и по истекот на овие 60 дена.

По понудената гаранција е оформен предмет, кој е доставен на мислење до надлежното јавно обвинителство. По добивањето на мислењето, Кривичниот совет ќе одлучува по предлогот на одбраната, а за одлуката странките и јавноста ќе бидат навремено известени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни