Трагична несреќа на работното место во Италија го одзеде животот на 19-годишно момче од Тетово.
Според информациите објавени од медиуми на албански јазик, младиот тетовец паднал од покрив од височина од околу седум метри додека бил на работа.
Од падот се здобил со тешки повреди, кои за жал биле фатални.
Засега нема дополнителни информации за точните околности под кои се случила несреќата и како дошло до падот.
Погребот на 19-годишникот е најавен за утре во Тетово, по пладневната молитва.