Македонија

Денеска пресуда за серискиот убиец Трајко Бојковски, обвинителството бара доживотен затвор

Денеска пресуда за серискиот убиец Трајко Бојковски, обвинителството бара доживотен затвор

По завршувањето на судската постапка и изнесувањето на завршните зборови, денеска се очекува Основниот суд во Куманово да ја соопшти пресудата за Трајко Бојковски, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени во регионот на Старо Нагоричане. Обвинителството бара најстрога казна – доживотен затвор, додека одбраната бара судот да ги земе предвид олеснителните околности.

Завршните зборови во случајот беа изнесени на рочиштето на 6 октомври, по што судот го закажа денешниот ден, 9 октомври, за објавување на одлуката.

Јавниот обвинител Љубомир Лапе побара Бојковски да биде прогласен за виновен за убиствата на Станче Каровска, Јанка Антевска, Марија Маринковска и Мира Станковска, како и за обидите за убиство на Росанка Трајковска и Слоботка Арсовска.

Во завршните зборови, обвинителството посочи дека делата биле извршени на сличен начин, а меѓу клучните докази ги издвои ДНК-трагите пронајдени кај дел од жртвите и кај една од жените што ги преживеале нападите.

Обвинителот се повика и на психијатриското вештачење, според кое постои висок ризик обвинетиот повторно да изврши кривични дела, како и сериозни пречки за неговата ресоцијализација. Според обвинителството, овие наоди се дополнителен аргумент за изрекување доживотна казна затвор.

Одбраната, застапувана од адвокатот Тони Цветковски, кој на Бојковски му е доделен по службена должност, побара судот при одмерувањето на казната да ги разгледа и олеснителните околности.

Случајот предизвика големо внимание во јавноста поради сериозноста на обвиненијата. Со денешното објавување на пресудата се очекува да заврши првостепената постапка пред Основниот суд во Куманово.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни