Балкан

Вучиќ најави пензии од 750 евра до крајот на мандатот и порача: „Со вашиот глас ја штитете иднината на вашите внуци“

Вучиќ најави пензии од 750 евра до крајот на мандатот и порача: „Со вашиот глас ја штитете иднината на вашите внуци“

Носителот на листата „Обединета Србија“ и кандидат за премиер од коалицијата околу Српската напредна партија (СНС), Александар Вучиќ, денеска им се обрати на граѓаните на големиот народен собир во Крагуевац, каде што говореше за зголемувањето на пензиите, животниот стандард и иднината на младите генерации.

За време на своето обраќање, Вучиќ истакна дека државата планира значителен раст на примањата за највозрасните граѓани.

„Во јануари просечната пензија во Србија ќе достигне 520 евра. Сакам, токму како што и ветив, пензиите да го следат растот на платите. Мојата цел е пред крајот на мојот мандат просечната пензија да биде над 750 евра. Сигурен сум дека тоа можеме да го постигнеме и да го оствариме заедно“, изјави Вучиќ.

Тој упати и директна порака до пензионерите, повикувајќи ги на мудрост и одговорност при донесувањето на одлуките за иднината на земјата.

„Имам посебна порака за веќе искусните граѓани: дури и кога ќе дојдат да ве уценуваат и да ви сугерираат како да постапите, кажете им јасно дека со вашиот глас ја штитете и ја чувате иднината на вашите внуци и правнуци. Со тој избор им гарантирате посветла иднина“, додаде тој.

На собирот во Крагуевац пред присутните се обрати и поранешниот претседател на Србија, Томислав Николиќ.

Посетата на Шумадија беше проследена и со активности на социјалните мрежи. Вучиќ се вклучи во живо на Инстаграм, каде што коментираше актуелни политички теми, истакнувајќи дека неговите политички противници „сакаат да понижуваат на најлош можен начин“, но и дека „не се оствариле очекувањата за промени најавени од студентите кои блокираа“. Во опуштениот дел од живото вклучување, тој испеа и дел од познатата песна „Рузмарин“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни